Азар се врати на тренингот на Реал Мадрид – кога ќе заигра на теренот?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан наскоро би можел повторно да смета на Еден Азар, кој се рехабилитира од повредата на скочниот зглоб.

Белгиецот во текот на неделата почна да тренира, а во клубот се надеваат дека наскоро може и да заигра.

Азар тренираше одвоено од екипата, а според шпанските медиуми дополнително работел и во теретаната.

Како два датуми се споменуваат при февруари кога „кралевите“ ќе се пресметаат со Атлетико Мадрид, како и 26 февруари кога Реал Мадрид игра против Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Да потсетиме, Азар се повреди во дуелот против ПСЖ во петтото коло од Лигата на шампиони на 26 ноември.