Пјонтек се сели во Лондон, но не во Тотенхем: Лампард во последен момент го краде Полјакот?

Полскиот напаѓач, Криштоф Пјонтек би можел во последен момент наместо во Тотенхем да се пресели во Челси.

„Газета дело Спорт“ пишува дека агентите на играчот го понудиле својот клиент и на Челси кој е подготвен да го донесе во своите редови, но само откако Оливие Жиру ќе си замине од клубот.

Французинот е пред трансфер во редовите на Интер затоа што оваа сезона не добива голема шанса од Лампард, па лесно може да се случи Пјонтек да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ и да се бори за првотимски статус со Тами Абрахам и Мичи Батсуаи.

Сеапк, останува отворена опцијата тој да се пресели и во Тотенхем каде одреден период сигурно ќе биде прв избор на Жозе Мурињо.