Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бруно Фернандеш конечно и официјално е дел од Манчестер Јунајтед откако денес стави потпис на пет и пол годишен договор со тимот од „Олд Трафорд“.
25 годишниот играч од средниот ред конечно стигна во Манчестер по напорните преговори меѓу двете страни по кои беше одлучено „ѓаволите“ на Спортинг да му платат 55 милиони евра плус 25 милиони евра изразени во бонуси.
Бруно Фернандеш во првата изјава посочи дека навива за Манчестер Јунајтед уште откако Кристијано Роналдо почнал да игра за клубот.
„Мојата љубов за Манчестер Јунајтед навистина почна кога започнав да го гледам Кристијано Роналдо и од тогаш сум голем фан на овој прекрасен клуб. За мене да се игра за Манчестер Јунајтед е неверојатно, работев доста напорно за да стигнам до овој момент. Можам да им ветам на фановите дека ќе го дадам максимумот за овој грб со надеж дека ќе помогнам да се донесе успех и многу трофеи“ –изјави Бруно Фернандеш.