Ѓоковиќ шампионски го прошета трофејот низ Мелбурн (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ во неделата го освои осмиот трофеј на Австралијан опен, односно 17. по ред гренслем-титула во кариерата.

Србинот во фантастичното финале го победи Доминик Тим со 3-2 во сетови, а мечот го одбележа и момент кога судијата го оштети Ѓоковиќ, по што тенисерот влезе во караница.

Еден ден по освојување на трофејот, Ѓоковиќ шампионски се прошета низ Мелбурн со трофејот, а притоа се извини поради зборовите кои ги испратил кон судијата.

„Не сум горд на тоа што се случи со судијата, но такви работи во спортот се случуваат. Жал ми е што го навредив, жал ми е што мораа сите да го слушнат тоа“, кажа Ѓоковиќ.