Интер си договорил напаѓач во јануари, но ја загубиле трката со времето!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер е еден од тимовите кои се обидувале во јануари да ангажираат нов напаѓач. Тренерот Антонио Конте постојано се жалеше во првиот дел од сезоната дека мора да игра со еден состав затоа што нема избор на фудбалери.

Конте имаше многу желби, од Симоне Заза до Оливие Жиру, а на крајот Интер се договорил со Ислам Слимани од Монако, но трансферот не се реализираше.

„Калчомеркато“ објави дека Слимани ги договорил условите со „нераѕурите“ и требало да пристигне на шестмесечна позајмица, но реализацијата пропаднала затоа што Интер не успеал да ја среди документацијата на време.

Италијанскиот тим успеа да се засили само со Ешли Јанг, Виктор Мозес и Кристијан Ериксен.