ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Пеп Гвардиола има големи проблеми со својот тим оваа сезона и речиси сигурно ќе ја загуби титулата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ се непрепознатливи, посебно со играта во одбраната која рака на срце долг период не беше во комплетен составо поради повредените играчи.
Токму затоа, Гвардиола во летниот преоден рок ќе донесе најмалку двајца нови дефанзивци, а „Сан“ сега откри дека Милан Шркиниар и Луис Данк се првите фаворити за трансфер на „Етихад“.
Шкриниар подолг период е мета на интерес на Сити, додека Данк со своите игри во дресот на Брајтон го привлече вниманието на Гвардиола и лесно би можел да се пресели во синиот дел од Манчестер.