Лампард го отпиша Кепа и сака нов голман, но директорката жестоко му се спротистави!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард ја загуби довербата во Кепа Аризбалага, но директорката Марина Грановскаја не планира да го продаде најскапиот голман во светот.

Разликата во нивните размислувања најави бура на „Стемфорд бриџ“. Лампард во саботата го остави Кепа на клупата за резервни фудбалери и размислува да купи нов голман на лето, но такво нешто нема да се случи.

Директорката учествуваше во ангажирањето на Кепа од Атлетик Билбао и смета дека не треба да се носи голем одлука за краток период.

Челси на осми август 2018 плати 80 милиони евра за младиот голман, па го направи најскап голман. Кепа мината сезона беше стандарден кај Маурицио Сари и рбанеше на 36 меча во Премиерлигата, но кај Лампард очигледно ја загуби довербата.