Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Екипата на Тотенхем се пласираше во наредната петта фаза од ФА Купот откако славеше на денешниот натпревар против Саутемптон со 3:2.
Во еден доста интересен натпревар со пет голови, избраниците на Жозе Мурињо стигнаа до победата во последните моменти од средбата.
Стивенс во 12. минута си постигна автогол за водство на Тотенхем, а во 34. минута Лонг израмни на 1:1.
Со овој резултат се замина на полувреме, а во вториот дел видовме уште три погодоци.
Најпрво Дени Ингс донесе водство за Саутемптон, за Тотенхем потоа да постигне два гола во самиот финиш. Лукас Мура во 78. минута намали на 2:2, а конечниот резултат го постави Сон во 78. минута од пенал.














