Пол Погба јасно порача: Одам таму каде што ме сакаат


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Францускиот фудбалер веќе долго време се поврзува со заминување од редовите на англискиот великан, а тоа конечно можете да се случи наредното лето.

Англиските медиуми наголемо пишуваат за тоа, Manchester Evening News дури наведува дека Погба им се поверил на колегите во соблекувалната на Црвените Ѓаволи.

Пораката беше сосем јасна:

„Одам таму каде што ме сакаат“…

Очигледно разделбата на Погба и Јунајтед е се поблиску. Французинот најмногу се поврзува со Јувентус и големи се шансите тој повторно да го облече дресот на Старата дама.

Тој токму од Јувентус во 2016. година стигна за 105 милиони евра на Олд Трафор, иако само четири години претходно го напушти тимот од Олд Трафорд како слободен играч.