Тием: Мареј е некој на кого треба да се угледам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австрискиот тенисер Доминик Тием сеуште е лут на себе, бидејќи не успеа да го освои својот прв Гренд Слем турнир во кариерата.

Да потсетиме, тој неодамна во финалето на АО изгуби од Ѓоковиќ и тоа во пет сетови. Денес признава дека можело да заврши и обратно.

„Поразите од Рафаел Надал во Париз беа глатки, немав шанса. Овој пат бев близу. Можете да биде подруго, лут сум на себе. Никогаш не сум бил толку блиску“, изјави Тием.

Сепак, тој е оптимист и порачува дека ќе се угледа на Енди Мареј кој е прв Гренд Слем освојувач после 4 изгубени финалиња. Да потсетиме, на Тием ова му е трет последователен пораз откако претрпе два на Роланд Гарос.

„Енди Мареј ги губеше своите први четири финалиња, пред да освои три и да стане најдобар играч во светот. Него ќе го земам како пример на кого треба да се угледам“ .

Сепак, свесен е сепак дека ќе биде тешко.

„Можно е да не успеам ни во наредните гренд слем турнири да освојам титула. Надал е успешен на земја, Ѓоковиќ е најдобар на тврда подлога, додека Федерер и понатаму има шанси да го освои Вимболдон. Покрај нив, треба да ги земам во обиз и Алекандар Ѕверев, Стефанос Циципас и Даниил Медведев“, изјави тој