Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет, уште еднаш во јавноста проговри за можноста играчот да си замине од клубот.
Според Барнет, нема теоретски шанси Бејл да го напушти Реал Мадрид во следниот период и планира да го испочитува договорот до самиот крај.
„Тој ќе биде во Реал најмалку уште две години, па нема потреба за грижи поради тоа. Мислам дека тоа е грижа на другите луѓе. Сметам дека Зидан и Бејл имаат одлична врска во моментов и се е добро“ –изјави Барнет.
Герет Бејл заработува огромно богатство во Реал Мадрид и токму затоа не планира да ја промени средината и да се врати во Тотенхем каде би добивал значително помала плата.