Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Поранешниот помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Мулестин смета дека Џеси Лингард ги има истите предиспозиции како легендата на Барселона, Андрес Иниеста.
27 годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се мачи веќе повеќе од една година да ја пронајде вистинската форма која рака на срце не го следи многу во неговата кариера.
Токму затоа зачудува фактот што Мулестин го спореди Лингард со легендата на светскиот фудбал кој остави длабока трага играјќи за тимот на Барселона.
„Џеси има атрибути во неговата игра слични на тие што ги имаше Иниеста во Барселона. Џеси, според мое мислење, а мислам дека и тој се знае самиот, е одлично момче, тип на играч кој противничките играчи тешко го маркираат. Мислам дека ова со неговата форма повеќе е работа на самодоверба, а не на талент“ –изјави Мулестин.















