Се сеќавате на момчето кое беше удрено од Азар? Сега е милионер


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


На натпреварот помеѓу Свонси и Челси во 2013 година, се случи и еден немил инцидент кој и ден денес е во сеќавање на фудбалските фанови.

Свонси имаше водство од 2:0, а во еден момент момчето задолжено за собирање на топките не сакаше да му ја предаде топката на Азар, па Белгиецот непромислено силно го шутна по што настана вистински хаос.

Денес момчето кое беше удрено од Азар има 24 години и веќе има сопствен бизнис. Неговото име е Чарли Морган кој заедно со свој пријател произведуваат и продаваат водка во Англија (АУ Водка), а бидејќи бизнисот им цути тие се вистински милионери.