Клиперс по само три дена му дадоа отказ на Ајзеа Томас

Американскиот кошаркар Ајзеа Томас ќе мора да бара нов клуб, откако Лос Анџелес Клиперс му дадоа отказ по само неколку дена поминати во Калифорнија.

Искусниот 31-годишен плејмејкер беше дел од трејдот меѓу Вашингтон визардс, Њујорк никс и Клиперс, но за него нема место во екипата на Док Риверс.

Томас од заминување од Бостон селтикс, во кој играше фантастично, е во очајна форма и не може да си најде клуб, каде што ќе остане подолг период.

Кошаркарот во последните две ипол години смени дури шест екипи, а сега ќе мора да бара и седми клуб.