Нов конфликт: Поранешниот играч за врска на Барселона го провоцираше Роналдо

Чави во минатото лето ја напушти Барселона, но со години беше еден од најважните играчи на каталонската екипа.

Тој одбележа со своите потези неколку дерби против Реал Мадрид, а даде интересна изјава за Меси и Роналдо.

„Само навивачите на Реал Мадрид мислат дека Кристијано Роналдо е подобар фудбалер од Меси.

Играв против него и одличен фудбалер е, но далеку од Меси кој за мене е најдобар играч во историјата на фудбалот“, рече Чави.

Легедарниот играч за врска на Барселона додаде дека Меси сигурно ќе биде најдобар играч на светот се додека сака.

Сепак, додаде дека и Роналдо со своите постигнувања го запиша своето име во историјата на најважната споредба работа на светот.