Лалана си заминува од Ливерпул но остаува во Премиер лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адам Лалана ќе биде еден од првите кои ќе си замине од редовите на Ливерпул по крајот на оваа сезона.

Лалана нема да го продолжи договорот со „црвените“ и како слободен агент ќе може да се пресели во друг тим по крајот на оваа сезона.

Веќе се појавија шпекулации дека 31 годишниот фудбалер би можел да се пресели во редовите на Лестер каде предводник е неговиот поранешен тренер од Ливерпул, Брендан Роџерс.

Лалана во Лестер треба да претставува замена за Џејмс Медисон кој веројанто ќе си замине од „Кинг Пауер“ во летниот преоден рок.