Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По раскинувањето на соработката со Тотенхем, Маурицио Покетино сè уште е без работа.
Тој беше поврзан со голем број клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но не е постигнат официјален договор.
Аргентинецот не крие дека сака да се врати во Премиер лигата.
“Не кријам дека сакам да се вратам во Премиер лигата, но ќе видиме. Свесен сум како е во фудбалот и дека може да има враќање во секој момент. Мора да бидете подготвени за тоа. Верувам дека ме чека нешто фантастично”, рече Покетино.
Уште еднаш се осврна на неговиот поранешен клуб.
„Горд сум на сè што постигнав со Тотенхем. Се обидов да дојдам до нови идеи и навистина да видам многу напредок“.
Аргентинецот беше на клупата на лондонскиот клуб од 2014. година и го одведе во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона, но Тотенхем падна во голема криза и Покетино мораше да си замине.