Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Баерн Чаби Алонсо во изјава за сајтот Гоал ги спореди своите некогашни тренери Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо кои во сабота ќе се соочат во манчестерското дерби.
„Знам дека натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити е многу голем и дека интересот за нив ги надминува рамките на Англија. Очекувам доста тактички меч. Се надевам дека ќе бидам во можност да ги гледам.
Мурињо и Гвардиола се многу слични како личности. Двајцата сакаат да се лидери, големи мотиватори се и многу посветени на својата работа. Истотака, фантастично знаат да ги мотивирааат играчите за мечот. Тие имаат различен поглед на фудбалот, па така на нас останува да видием кој кого ќе надмудри во сабота“, рече шпанскиот фудбалер.
Чави Алонсо со Жозе Мурињо соработуваше во Реал Мадрид, додека Пеп Гвардиола му беше тренер во Баерн од Минхен за кој сеуште настапува.
Дербито на колото меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се игра во сабота од 13:30 часот.