Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за конкуренцијата во италијанската Серија А и кажа кој би можел да го освои Скудетото според него.
Клоп даде интервју за „Раи Спорт“ и кажа дека голема борба за трофејот водат Јувентус и Интер, но на крајот титулата ќе ја освои Лацио.
„Јас навивам за Лацио да ја освои титулата. Ние имаме поранешен фудбалер во трка за трофејот, тоа е Лукас Леива. Чиро Имобиле беше еден од моите фудалери во Борусија Дортмунд. Жал ми е поради Маурицио Сари и Антонио Конте, но мислам дека Лацио ќе биде големо изненадување. Тие имаат одлична сезона“, вели Клоп.