Играч на Порто збесна откако беше расистички нападнат, ја напушти играта па на судијата му порача: Се надевам нема да те видам повеќе.. (Видео)

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓

Еден од играчите кои се поврзуваа со трансфер во Манчестер Јунајтед  и Тотенхем во зимскиот преоден рок, Муса Марега е централна фигура во денешните фудбалски вести.

Марега беше расистички напаѓан на натпреварот кој Порто го одигра против Виторија Гимараеш и откако публиката го навреди тој одлучи да им покажи среден прст, а и покрај молбите од своите соиграчи го напушти и теренот.

Судијата поради средниот прст му даде жолт картон, нешто што уште повеќе го изнервира фудбалерот кој потоа не штедеше зборови за навивачите на Гимараеш и главниот судија на натпреварот.

„За оние идиоти кои одат на стадион да упатуваат расистички навреди, одете и еб**е се. ИСто така сум „благодарен“ на судијата кој не ме одбрани и кој ми даде жолт картон затоа што ја бранам мојата боја на кожа. СЕ надевам дека никогаш нема да те видам на теренот. Ти си срам“ –изјави лутиот Марега.