Скандал во Шпанија: Барселона ангажирала фирма за да го руши угледот на најголемите ѕвезди..


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Изминатиов период е доста турбулентен во Барселона, па речиси секоја недела се „раѓа“нов скандал.

По несогласувањата на Пике и Меси излегоа несогласувањаи помеѓу Лео Меси и Ерик Абидал, за сега ситуацијата да кулминира со најголемиот скандал.

Наводно, претседателот Жозеп Мариа Бартомеу ангажирал консултанти кои публикувале вести на социјалните мрежи со кои се рушеле угледите на главните сегашни ѕвезди на клубот. За работата да биде уште полоша биле криткувани и поранешни имиња на Барселона.

Лионел Меси, Џерард Пике, Чави, Иниеста, па и поранешниот претседател Жоан Лапорта, биле мета на непримерните текстови испраќани од компанијата „I3Ventures“.

Од Барселона брзо излегоа со соопштение и ги демантираа овие најави на шпанските медиуми.