Челси стана редовен „пациент“ на Манчестер Јунајтед оваа сезона, „ѓаволите“ со победа се одјавија од „Стемфорд Бриџ“ (Видео)

Екипата на Манчестер Јунајтед салвеше значајна победа на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ против тимот на Челси.

„Ѓаволите“ славеа со 2:0 со погодоците постигнати од Ентони Марсијал и капитенот Хари Мегваер. Манчестер Јунајтед постигна по еден гол во секое од двете полувремиња и со тоа сосема заслужено дојде до трите бодови.

ТРеба да се напомене дека Челси успеа да постигне два гола, преку Зума и Жиру, но и двата беа оправдано поништени .

Сега трката за четвртата позиција станува уште покомплицирана и ќе биде навистинаинтересно до крајот на сезоната.