Пет фудбалери си одат од Манчестер Сити по суспензијата од УЕФА


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Сити нема да може да учествува во натпреварувањата организирани од УЕФА во следните две години.

„Граѓаните“ добија драконска казна од европската куќа на фудбалот поради кршење на правилата од Финансискиот Фер плеј.

Тоа ќе доведе и до значително кратење на парите за плати на играчите, па на излезна врата се дури петмина првотимци на клубот.

Серхио Агуеро, Кевин Де Бруј, Едерсон, Рахим Стерлинг и Лерој Сане ќе бараат спас за своите кариери во други клубови.