Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роџер Федерер нема да го гледаме на тениските терени во следните неколку месеци. Швајцарецот беше на операција на десниот колк, а најави дека ќе пропушти неколку турнири, меѓу кои и Ролан Гарос.
Федерер откри дека некое време имал проблем со десното колено, па морал да се оперира.
„Одредено време имам проблем со десното колено. Се надевав дека ќе ми помине, но по прегледите морав да одам на операција. За жал ќе морам да ги пропуштам Дубаи, Индијан Велс, Богота, Мајами и Ролан Гарос“, напиша Федерер.
Швајцарскиот тенисер во кариерата освои 20 гренслем-турнири, а единствен трофеј на Ролан Гарос освои во 2009 година.
— Roger Federer (@rogerfederer) February 20, 2020