Пеп Гвардиола најплатен тренер, погодете кој е на четвртото место на таа листа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола е најплатен тренер на светот објави британски „Телеграф“.

Според тој весник, на второ место е тренерот на минхенски Баерн, Карло Анчелоти.

Сепак, најдобро се платени тренерите во Премиер лигата, бидејќи меѓу десетмината најмногу платени, дури шестмина работат во Премиер лигата.

Интересно, Арсен(ал) Венгер речиси на секоја листа се наоѓа на четвртото место.

Листата на десет најплатени:

Пеп Гвардиола (Манчестер Сити, 15.3  милиони фунти)

Карло Анчелоти (Баерн, 12.6)

Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед, 12,3),

Арсен Венгер (Арсенал 8.9),

Луис Енрике (Барселона, 7.2),

Јирген Клоп (Ливерпул, 7),

Антонио Конте (Челси, 6,6),

Роналд Куман (Евертон 6),

Диего Симеоне (Атлетико 5.1),

Зинедин Зидан (Реал Мадрид (4.6).