Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси успеа да слави во лондонското дерби со 2-1 против Тотенхем во 27. коло од Премиерлигата.
Лукас Моура прв се закани кон голот на „сините“, по што Челси врати со удар преку младиот Мејсон Маунт.
Во 15. минута Челси поведе со 1-0, откако Оливие Жиру успеа да постигне погодок по една драма која се случуваше пред голот на Тотенхем.
Добар старт на второто полувреме имаа избраниците на Франк Лампард, кои поведоа и со 2-0 преку Маркос Алонсо, по што во самиот финиш на дуелот Тотенхем со автогол на Рудигер успеа да намали и да ги постави конечните 1-2.
Челси во моментов е четврти, додека Тотенхем останува петти на табелата.