Чурлинов дебитираше во победата на Штутгарт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов дебитираше во дресот на Штутгарт, каде што се пресели во текот на зимата.

Чурлинов одигра 20 минути во победата од 2-0 на Штутгарт против Регенсбурт, па така неговиот тим скокна до второто место на табелата, но има ист број на бодови како и првопласираната Арминија Билефелд.

Македонецот доби шанса во вистински период и најверојатно тоа ќе биде дополнителен мотив за него да напредува уште повеќе во дресот на германскиот клуб.

Штутгарт се бори сезонава за да се врати во Бундеслигата, а во моментов се на добар пат да го остварат тоа.