Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот натпревар помеѓу Наполи и Барселона одигран на легендарниот „Сан Паоло“ не понуди големи возбудувања.
Многумина и очекуваа ваков фудбал, во кој Наполи ќе ја чека Барселона на својата половина и ќе се обиде да постигне погодок од некоја шанса која ќе им се укаже.
Токму така и беше, Барса доминираше во посед, а Наполи поведе преку Дрис Мертенс во 30. минута.
Во вториот дел, Барселона постигна погодок преку Антоан Гризман и доби одличен резултат пред реванш средбата која ќе се одигра на 18. март на „Камп Ноу“.