Манчестер Јунајтед го растури Клуб Бриж, Интер рутински до осминафиналето

Екипата на Манчестер Јунајтед го одигра можеби најдобриот натпревар во сите конкуренции оваа сезона против белгискиот Клуб Бриж.

„Ѓаволите“ со високи 5:0 славеа против Бриж и со тоа обезбедија пласман во осминафиналето од Лига Европа.

Бруно Фернандеш го отвори резултатот од пенал, на 2:0 зголеми Одион Игало со својот прв погодок за клубот, а последниот гол во првиот дел го постигна Скот Мектомини. Во второто полувреме во самиот финиш Бразилецот, Фред постигна два гола за конечни 5:0.

Интер на домашен терен, без присуство на публика го совлада Лудогорец со 2:1. Бугарите први дојдоа до водство со голот на Соуза, а Бираг и Лукаку се погрижија за пресврт на Интер. Сите погодоци паднаа во првиот дел од натпреварот.

Арсенал загуби од Олимпијакос во регуларниот дел со 1:0, па натпреварот замина во продолженија кои се уште се во тек.

Резултати:

Ајакс- Гетафе 2:1

Бенфика- Шахтјор 3:3

Селтик– Копенхаген 1:3

Севилја– Клуж 0:0