Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот стопер на Челси, Џон Тери, сакаше да се пофали со својот прв улов, но на крајот доживеа понижување.
На крајот од неговата кариера, многу играчи го наоѓаат своето хоби и начини за одмор, а Тери е посветен на риболов.
Иако не се оддалечи целосно од фудбалот, поранешниот член на репрезентацијата на Англија и стручниот штаб на Астон Вила се повеќе се посветува на неговиот приватен живот и го најде мирот покрај реките и езерата со риболов.
Тој конечно успеа да фати нешто, фалејќи се со фотографија на Инстаграм…. Но подобро да не се пофалеше!
„Што е тоа, човек? Мало е …“, се коментира еден на фотографијата и повеќето негови обожаватели се исмеваа со него за големината на уловот.
Фатената пастрмка сигурно донесе насмевка на лицето на Тери, но ако ги прочита сите тие коментари подолу, насмевката брзо ќе исчезне.
„За тоа ти требаат две раце?“, е еден од најсилните коментари на фотографијата.