Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Барселона на крајот на сезоната сигурно ќе направи некои промени во екипата, а тоа посебно се однесува на нападот.
Каталонскиот клуб сезонава е во голем проблем, откако се повреди Луис Суарез, зашто за него нема соодветна замена.
Управата на Барселона веќе некое време бараат нов напаѓач, а со клубот најмногу се поврзуваше Лаутаро Мартинез, кој игра одлично во дресот на Интер.
Уругваецот за медиумите кажа дека постои шанса да пристигне Мартинез и ги изненади навивачите со изјавата дека веќе две години зборува со управата да купат напаѓач.
„Лаутаро е многу талентиран. Игра одлично веќе две години во Серија А. Сепак, ние фудбалерите не носиме одлуки околу трансфери. Веќе две години зборувам дека би било добро да се ангажира млад напаѓач, кој ќе се прилагоди на тимот“, открива Суарез.