До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул загуби во Премиерлигата и тоа по серија од 44 меча без пораз, откако Вотфорд синоќа славеше со 3-0, па избраниците на Јирген Клоп мораа да го прифатат поразот по 422 дена.
Клоп и покрај поразот вели дека неговите фудбалери се бореле до крајот и не правеле глупости на теренот.
„Тие сакаа да го направат тоа што ние не сакавме. Така функционира фудбалот. Првото полувреме беше тешко, многу долги топки, претрчувања, не се најдовме во вистинска позиција да центрираме и да постигнеме гол. Мора да го прифатиме тоа, иако не е лесно. Мора секогаш да се бориме. Губевме со 3-0, но уште се обидувавме, немаше глупости на теренот“, кажа Клоп.















