Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и напаѓач на АЕК Ларнака, Иван Тричковски одигра одличен меч за неговиот тим против Анортозис и успеа со два гола да го реши лидерот во кипарското првенство.
Тричковски првиот погодок го постигна од слободен удар во првите 45 минути, по што во вториот дел по еден центаршут, со глава стрелаше и за 2-0.
Напаѓачот е во одлична форма сезонава, па веќе стигна до бројката од 20 голови, додека неговиот тим е на петтото место со 35 бодови.