Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер нема да настапи во Индијан Велс, Мајами и Ролан Гарос поради повреда, а на теренот ќе се врати дури кога ќе почне сеззоната на трева.
Сепак, интересно е тоа што постави нов рекорд, откако стигна до бројката од 750 недели поминати во топ-3 на АТП-листата.
Само неколку пати Федерер испадна од топ-3, односно тоа се случи на крајот на 2016 година кога падна до 16. позиција, но на Вимблдон во 2017 година се врати во голем стил и ја освои осмата титула на турнирот. Последен пат кога испадна од топ-3 беше во февруари минатата година.
По број на недели поминати во топ-3, под Федерер се Рафаел Надал, Џими Конорс, Новак Ѓоковиќ и Иван Лендл.
Roger Federer writes history as the first player with 750 weeks in the top-3 https://t.co/dtTPZjDmKk
— Joe Burinskas (@BurinskasJoe) March 1, 2020
The GOAT