Леброн Џејмс ги замолче критичарите: Бакнете ме во – задник!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс синоќа славеше против Њу Орлеанс со 122-114, а одлична ноќ имаше Леброн Џејмс во дуелот против Зајон Вилијамсон.

Зајон беше одличен и постигна 35 поени и седум скокови, а тоа беше најдобар меч во неговата кариера.

Сепак, Леброн беше неверојатен и постигна трипл-дабл со 34 поени, 12 скокови и 13 асистенции, а тоа му е 13. трипл-дабл во сезоната.

Со оглед на тоа дека Џејмс беше критикуван во последниот период, тој реши да ги замолчи сите.

„Сите критичари може слободно да замолчат и да ме бакнат во задник и тоа со насмевка“, порача Леброн по важниот триумф против Њу Орлеанс.