Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи би можел да се игра пред празни трибини.
Шпанската влада препорача сите клубови да ги затворат трибините за да спречат ширење на коронавирусот, па натпреварот Барселона – Наполи би можеле да го гледаме на празен Ноу Камп.
„Спортските настани што привлекуваат голем број на навивачи треба да се играат зад затворени врати“, рече шпанскиот министер за здравство, Салвадор Ила.
Веќе е решено дека натпреварот Валенсија – Аталанта да се игра зад затворени врати, а веројатно е дека истото ќе биде случајот и на натпреварот од Лигата на Европа меѓу Хетафе и Интер на 19. март.
Е видиме дали Ноу Камп ќе биде затворен, и ако тоа се случи, ќе биде интересно да се види како екипите ќе се снајдат пред празните трибини.
Првиот натпревар во Неапол заврши нерешено 1:1.