Хаосот во Милан ќе однесе уште една глава: Ибра не планира да ја продолжи соработката со клубот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овие денови е навистина турбулентно во редовите на Милан. Ѕвонимир Бобан си замина, а на ред е и Паоло Малдини кој ќе го следи Хрватот.

Овие двајца беа „виновници“ што Ибрахимовиќ се одлучи да се врати на „Сан Сиро“ откако неговиот договор со Лос Анџелес Галакси дојде до самиот крај.

Ибрахимовиќ има договор на шест месеци кој може да се продолжи на дополнителни 12 месеци, меѓутоа по најновите случувања во клубот се појасно е дека тоа нема да се случи.

Швеѓанецот веднаш покажа дека може да направи разлика на теренот и со сигурност ќе му недостасува на Милан доколку навистина си замине од клубот.