Еден од најискусните фудбалери на Манчестер Јунајтед го продолжи договрот со клубот

Манчестер Јунајтед денеска соопшти дека постигнале договор за продолжување на соработката со искусниот голман, Ли Грант.

37 годишниот голман со тоа ќе остане во клубот и следната сезона и ќе фигурира како трет голман на Манчестер Јунајтед.

Паралелно, Грант ги одработува потребните лиценци за тренер, а од клубот веќе му дозволиле да тренира делод младинските категории со цел да се здобие со потребното искуство за да ја понесе „А “ тренерската лиценца.

Инаку, Ли Грант има само два настапи за Манчестер Јунајтед, од кои само еден старт и тоа оваа сезона против тимот на Астана во Лига Европа.