„Епидемијата“ продолжува и во ЛШ: Уште еден меч ќе се игра без публика! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Епидемијата на коронавирусот се појави во Европа и направи хаос во спортските натпреварувања. Вирусот најмногу влијаеше на фудбалските натпревари, а овој пат во центар на внимание е Лигата на шампиони (ЛШ).

УЕФА реши дел од реваншите во осминафиналето да се играат пред празни трибини, додека постои шанса и да се прекине натпреварувањето пред четвртфиналето, ако епидемијата не се смири.

Откако утринава беше потврдено дека натпреварот меѓу Барселона и Наполи ќе се игра без публика, неколку часа подоцна беше објавено дека тоа ќе се случи и во Минхен, кад ешто следната недела играат Баерн Минхен и Челси.

Овие тимови го играат реваншот следната среда од 21 часот, а истиот ќе биде одигран пред празни трибини во Минхен.