ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го изрази своето разочарување поради фактот што натпреварот против Косово ќе се игра пред празни трибини.
Владата во корелација со Центарот за управување со кризи поради коронавирусот донесе одлука сите спортски натпревари во следните 30 дена да се играат без публика, што значи дека мечот меѓу Македонија и Косово ќе се одигра пред празна арена „Тодор Проески“.
Тоа не му се допадна на Ангеловски кој ги искористи
социјалните мрежи да испрати порака по ваквата одлука на владата.
„Или нека
биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на
институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас.
Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се
изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот
домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите
навивачи да славиме заедничка победа.
Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор
во составот.
Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со
идеал за прави спортски вредности и резултати“- напиша Ангеловски на Фејсбук.