Ѓоковиќ се врати во Европа: Не знам како ќе се игра во вакви услови…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се врати во Европа со еден од последните летови. Тој во претходните денови беше во Америка, каде што требаше да се одржи турнирот во Индијан Велс, но истиот беше откажан поради коронавирусот.

Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп забрани летови на релација САД – Европа, но вториот Мастерс во сезоната уште не е откажан. Сепак, очигледно нема ни да се одржи поради големиот број на заразени луѓе.

„Мојот совет на сите тенисери, кои се во САД е да се вратат во Европа. Не знам како би можел да се игра турнирот во Мајами во вакви услови. Не знам што ќе се случи во следниот период и како ќе играме тенис додека Светската здравствена организација не заврши ека е завршена состојбата на пандемијата“, порача Ѓоковиќ.