Роналдо се јави од изолација: Ви се обраќам како син, татко, човек…


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кристијано Роналдо е меѓу играчите на Јувентус кои се наоѓаат во изолација откако беше потврдено дека Даниеле Ругани има коронавирус.

Португалецот е во родната Мадеира каде е изолиран во својот дом и од каде сега преку социјалните мрежи испрати порака поврзана со најновите случувања.

„Светот поминува низ тежок момент кој бара голема грижа и внимание од сите нас. Денес не ви се обрќам како играч, туку како син, татко, човек кој е загрижен за последните случувања кои се случуваат во светот.

Важно е сите да ги следиме советите од СЗО и властите и како тие се справуваат со ситуацијата. Штитењето на човечкиот живот мора да биде пред сите интереси. Сакам да го пратам моето сочувство до сите кои изгубле некој бизок до нив, моја поддршка до оние кои се борат со овој вирус, како мојот соиграч Даниеле Ругани, и моја континуирана поддршка до неверојатните здравствени професионалци кои си го ризикуваат животот за да спасат други“ –напиша Кристијано Роналдо.