Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ирскиот борец Конор Мекгрегор се најде во центар на внимание по емотивната објава на неговиот профил на Инстаграм.
Мекгрегор во својата објава реши да ги советува фановите да ги почитуваат препораките околу коронавирусот, зашто здравјето е на првоместо. Но, по сите совети кои ги даде, на крајот откри дека пред неколку дена добил вест, која го скршила.
Опасниот вирус го погодил и неговото семејство, па неговата тетка Ана се заразила и за жал починала.
„Беше одличен ден. Бев со семејството. Седев на стол и добив повик од Ирска. Ми се јавија дека мојата тетка Ана починала. Не можев да верувам. Мојата неверојатна тетка повеќе не е со нас, сестрата на мојата мајка. Овој е*ен вирус ја зема…“, напиша Мекгрегор.