Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарот на Јута џез, Донован Мичел, кој е позитивен на коронавирусот вели дека се чувствува многу добро и засега нема симптоми на болеста.
Американскиот бек е заразен од страна на соиграчот Руди Гобер, кој бил прв кошаркар со коронавирусот во НБА-лигата.
„Мило ми е што сме добро и тој и јас. Најстрашно е тоа што уште немам симптоми на вирусот. Можев да одам по улица и никој да не забележи дека сум болен. Мислам дека тоа е најстрашна работа кога станува збор за вирусов“, порача Мичел.
Да потсетиме, НБА-лигата суспендирана токму кога беше откриено дека Гобер има позитивен тест на коронавирус.