ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Новиот спортски медиум „Атлетик“ пренесува дека Челси се соочува со проблеми затоа што еден од нивните најдобри играчи, Тами Абрахам одбива да го продолжи договорот со клубот.
Од Челси сакајќи да го задржат 22 годишниот фудбалер, му понудиле нов долгогодишен договор за да остане на „Стемфорд Бриџ“ меѓутоа истиот бил одбиен од страна на Абрахам кој побарал време да размисли за својата иднина.
Абрахам барал многу повисока плата, а сакал да му биде дадена и потврда дека ќе биде прв избор на клубот и следната сезона, нешто што не можело да му биде потврдено од таборот на Челси.
Актуелниот договор на младиот напаѓач истекува за две години.