Атлетико Мадрид посакува фудбалер на Вест Хем кој беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед

Од таборот на Атлетико Мадрид влегле во трката за потписот на  фудбалерот на Вест Хем, Иса Диоп.

За 23 годишниот дефанзивец на „чеканите“ постои сериозен интерес од Арсенал и Манчестер Јунајтед, тимови кои од претходно ги следат неговите настапи.

„Дон Балон“ сега пишува дека токму Атлетико Мадрид е фаворит за потписот на Диоп кој прикажува одлични игри во таборот на Вест Хем.