„Тие ме замолија да го избришам постот на Инстаграм и после ова јас не би се вратил во Турција“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нигерискиот фудбалер Џон Оби Микел доживеа непријатни моменти во Турција и на крајот го раскина договорот со Трабзонспор.

Среде пандемија на коронавирус, Микел изрази загриженост, коментирајќи донекаде за состојбата во Турција, каде фудбалот играше најнормално, со тоа што остатокот од Европа ги прекина сите спортски активности во страв од ширење на инфекцијата.

Статусот на Микел на Инстаграм, во кој тој изјави дека „животот е повеќе од фудбал и не сакам да играм во ваква ситуација“, беше доволен за челниците на Трабзонспор да ја прекинат соработката иако тој имал договор до летото 2021 година.

„Откако го споделив моето мислење на Инстаграм, раководството на клубот ме замоли да го избришам мојот пост“, изјави поранешниот играч на Челси, додавајќи:

“Јас одговорив дека е мое мислење и мислам дека во оваа ситуација најважно е да спасиме животи. Да, навистина сакавме да станеме шампиони, но не по секоја цена. Тие ми рекоа дека нема да можам да се вратам после тоа. Но, после ова она што го видов во Турција, дури и не сакам да се вратам “.

32-годишниот играч во кариерата настапуваше за Лин, Челси, Тијанџин Тед, Мидлсборо и Трабзонспор, остварувајќи 23 настапи.