Арсенал повторно купува од Шпанија, носи фудбалер на Валенсија

Од редовите на Арсенал се заинтересирани за играчот од средниот редна Валенсија, Карлос Солер.

Микел Артета наводно сам притискал за ангажман на 23 годишниот фудбалер и ќе тргне по него кога трансфер периодот ќе се отвори.

Солер веќе собра 105 настапи во Ла Лига во дресот на Валенсија и е еден од клучните играчи на тимот од „Месталја“.

Според „Марка“ играчот  би го чинел Арсенал околу 36 милиони фунти, сума прифатлива за клубот од Лондон.