Фернандес: Требаше да го оставам Пеп да зборува сам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новата sвезда на Манчестер Јунајтед се осврна на неодамнешниот ’инцидент’ за време на натпреварот Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити (2-0), одигран на 8ми март на „Олд Трафорд“.

Пристигнувањето на Португалецот значително го подигна нивото на игра на „црвените ѓаволи“, а за кратко време стана омилен на публиката во Театарот на соништата, а исто така и затоа што му дофрли Пеп Гвардиоли од линијата кога брзаа да ја вратат топката назад во игра.

“Луѓето зборуваат и прашуваат кој е Бруно да го замолчи Гвардиола, но личноста не е дефинирана со тоа што победил или што има. Јас се осудувам себеси, најдобриот одговор беше да молчам и да го оставам да зборува сам. Тоа е факт, но јас не сум таков и не можам да молчам “, изјави репрезентативецот на Португалија.