„Почуден меч не сум пренесувал“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американецот Џон Мекенро го осуди однесувањето на Гаел Монфилс во во полуфиналниот меч од УС Опен против Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер се пласираше во финалето седми пат во кариерата и во недела ќе има шанса трет пат да  ја освои титулата на последниот Грен Слем турнир во сезоната.

„Никогаш не сум пренесувал почуден меч“, истакна легендарниот Американец.

„Не сакав Монфилс да се врати во дуелот, со оглед на тоа што го работеше. Го сакам како спортист и тој многу донесува на тенисот, а најдобро за тенисот што можеше да се случи е да го добие Новак на вистински начин, а не на онаков. Да паѓа на теренот и да не се натпреварува, тоа е лудо“.

Се потсети Мекенро и на 2005 година кога Србинот и Французинот само што започнаа  на професионалната сцена.

„Монфис тогаш го обвинуваше Новак за недостаток на професионализам. Беше тинејџер. Го чекаше моментот да го добие Ѓоковиќ после 12 порази, но детето од Србија стана вистински професиноналец и каскадерските сцени не го пореметија“.

Американецот нагласи и дека не е приврзаник на кинење на маици, што Ѓоковиќ го направи овој дуел, иако и самиот некогаш реагирал на идентичен начин.

„Не сум бил така добро граден и со мускули како Новак и луѓето не сакаа да гледаа слаб човек. Вечерва победи вистински играч“, истакна Мекенро.